Казнено-поправниот дом во Нантер, предградие на Париз, е опкружен со семејни домови, а затворениците таму издржуваат казна во „минималната зона на безбедност“.
Примарната цел на затворскиот проект е да се надополни новиот објект во постојната урбана форма и да се поврзе со градот на неколку нивоа. Затоа, наместо огромен затворен ѕид, студиото ЛАН Архитектура постави интересна фасада, правејќи ја транзицијата помеѓу внатрешниот и надворешниот простор многу флуидна.
Проектот за затворот Нантер е единствен во својата функција бидејќи комбинира две програми. Едниот дел ги задржува уапсените, додека другиот, што претставува „минимална безбедносна зона“, им овозможува на осудените затвореници да присуствуваат на активности за социјална реинтеграција.
Објектот има основа во облик на буквата L и просториите од првата програма се наоѓаат во предниот дел на зградата, додека полуотворениот притвор е во средниот блок.
Однадвор, зградата изгледа како кубусна форма, додека на југ во минималната безбедна зона има голем полуотворен притворски простор во рамки на монолитната фасада.
Веднаш до влезната област има пристап до просториите за колективна активност, како и техничките простории. Оттука, постои и врска до администрацијата и упрвата, чии простории се организирани на приземјето и на третиот кат. Канцелариите се наоѓаат на улицата напред и имаат поглед на булеварот Генерал Леклерц и улицата Акакиас.
Интересно е што овој затвор има големи области покриени со зеленило за да создаде поприродно опкружување.
Целата што ја сочинува „минималната безбедносна зона“ се контролира низ безбедносната влезна зона. Стратешки гледано, важно е оваа област да има поглед на влезниот двор.
Во овој дел од затворот има 89 ќелии за вкупно 92 затвореници. Пристапот до ќелиите е организиран преку широки ходници со поглед на дворот и градините.
Во атриумот е организиран круг со разнобоен терен за кошарка.
Во приземјето има заеднички области како што се трпезаријата, мултимедијална библиотека и просторијата за перење.