Австралија сè уште се опоравува од страшниот пожар и од најлошата суша во последните децении, а со новите информации дека најголемиот град на земјата е загрозен од недостиг на вода, ситуацијата е малку веројатно да се подобри.
Петмилионскиот Сиднеј е загрозен од недостиг на вода бидејќи поголемите резервоари стануваат празни и ситуацијата би можела да стане критична до 2022 година, според телевизијата 7News.
Од јуни годинава, властите на државата Нов Јужен Велс го воведоа првото ниво на ограничувања на водата на територијата на Сиднеј. Ова е исто така прв пат во последните десет години да се воведат ограничувања.
Ако водата во главниот градски резервоар опадне уште за некој процент жителите на Сиднеј би можеле да добијат поголеми ограничувања.
Браната на реката Варагамба, која го создаде езерото и главниот резервоар за вода за пиење во Сиднеј, моментно е со капацитет од 46,6 проценти.
Властите на Нов Јужен Велс велат дека падот на нивото на водата веројатно ќе продолжи и ќе падне на 40 проценти, а со тоа ќе се воведат други нивоа на ограничувања во следниот февруари или март.
“Со сегашната стапка на празнење, би можеле да бидеме во тешка состојба за наредните години“, вели Мелинда Певи, министерка за вода.