Славниот руски бренд Caviar, познат по декадентните дизајни на iPhone моделите, ја претстави својата најраскошна колекција.
Станува збор за iPhone 11 Pro Discovery Solarius, кој е како што кажува и неговото име, дизајниран со цел да го симболизира вечниот живот кој Сонцето и го подарува на нашата планета. Единствениот iPhone направен е од половина килограм злато, 137 дијаманти и на задниот дел луксузен механички часовник со турбион.
Внатре во часовникот има специјален дијамант, односно сончев камен, кој претставува центар на соларниот систем. Единствениот iPhone 11 Pro е дел од најновиот Discovery асортиман на овој бренд, кој тематски е фокусиран на сите делови на сончевиот систем. Discovery Solarius е најлуксузниот модел од асортиманот, кереиран како уникат.
Како што пишува на официјалниот сајт на Caviar, цената на овој модел се движи од 70.340 долари за верзијата од 64 GB, а оди до 71.520 долари за iPhone 11 Pro Max со 512 GB. Но сепак уникатниот iPhone веќе е продаден.