Јапонското министерство за заштита на животната средина го прикажа единствениот супер автомобил направен од целулоза и земјоделски отпад. Иако е релативно лесен, тврдат дека е исклучително моќен и издржлив. Наречен е “нано целулозно возило“ – NCV, и предизвикал огромно внимание на Саемот за автомобили во Токио. Дизајнот на возилото е толку агресивен и футуристички, така што малкумина би претпоставиле дека е направен од целулозни нановлакна. Материјалот е во целост „јаглеродно неутрален“ (неговото производство не бара потрошувачка на фосилни горива, ниту придонесува за загадување на околината), па затоа е многу поволен за животната средина. Луѓето кои стојат зад оваа изведба наведуваат дека „нано целулозното влакно“ е пет пати поцврсто од челикот, а има пет пати помала маса. За перформансите за моторот не станало збор на презентацијата.