Меѓународната награда RAIC за 2019. која ја доделува Канадскиот кралски институт ја освои проектот „Baha’i Temple”. Овој храм во Јужна Америка во Сантијаго во Чиле е дело на бирото Hariri Pontarini Architects од Торонто.
Од своето отворање во 2016. година, Бахајскиот храм привлекол повеќе од 1.4 милиони посетители. Проектот „тежнее кон заедништво во рамки на различностите“.
Зградата има големо значење за чилеанската заедница, бидејќи во неа се организираат различни манифестации – се примаат клубови од заедницата, младите се информираат за различни работи, се организираат детски активности во партнерство со јавните училишта и слично.
Храмот има девет крилја кои на врвот формираат мал кружен отвор (окулус). Конструкцијата од надворешната страна е изработена од лиени стаклени плочи.
Станува збор за нов материјал за кој биле потребни четири години експериментирање и соработка со канадски мајстор за стакло. Внатрешноста е прекриена со проѕcирен мермер од Португалија.
Дрвените клупи, закривени во лаци, ги повикуваат луќето „да се соберат“, но онака, „неформално“, да седнат едни покрај други.
Наградата RAIC се доделува од 2013. година и ги слави „единствените архитектонски дела кои се трансформативни во општествениот контекст и кои изразуваат хуманистички вредности, правда, почитување, еднаквост и инклузивност“.
Овој објект ја освоил наградата со својата моќна форма која го поставува како нов орјентир во драматичното природно опкружување. Како што вели жирито, впечатливата форма ги анимира варијациите на светло и сенки на површината на објектот, додека ноќе стои како фенер, благо осветлен одвнатре.
„Помеѓу зората и самракот, стаклото и мермерот во храмот се нанесува широк спектар на сезонски бои кои танцуваат на небото на Сантијаго“, вели тимот на архитекти. „Светлината што се филтрира во внатрешноста на зградата се префрла од бела во сребрено, па во окер, а потоа сината во виолетова“.
Архитектите нагласуваат дека проектот на храмот е развиен преку слободорачни скици, цртежи, физички модели и дигитални алатки.