Насловна / Вести / Прв пат во примена третата генерција на фотоволтаици

Прв пат во примена третата генерција на фотоволтаици

За прв пат досега, направена е инсталација на третата генерација на фотоволтаични панели, т.н органски фотоволтаик, и тоа во трговскиот центар во Салвадор во Бразил. Проектот е резултат на партнерството помеѓу најголемата бразилска компанија за управување со трговските центри, и Sunew -бразилска компанија која е светски лидер во производството на органски фотоволтаични филмови. Инсталацијата е поставена на целата површина од покривот на трговскиот центар. Освен што произведуваат соларна енергија за потребите ан трговскиот центар, овие фотоволтаици управуваат и со нивото на осветленост, а го подобруваат и топлинскиот комфор. Имено, инсталацијата блокира околу 99% од УВ зрачењето и 75% од инфрацрвеното зрачење. Иновативната технологија ја карактеризира тенок, лесен, флексибилен и издржлив филм, изработен од нетоксични и рециклирачки материјали, кои ја претвораат сончевата светлина во електрична енергија. Овој органски фотоволтаик се разликува од претходните технологии поради својата сестраност. Овозможува производство на електрична енергија на било која површина, од светлосни прозорци, фасади, до возила и инфраструктура за превоз (автобуски настрешници и сл.)

Sunew1

Sunew2

sunew3

sunew4

Испрати коментар

Scroll To Top