Германската групација „Фолксваген“ (VW) официјално започна со сериско производство на својот електричен автомобил ID.3, во склоп на настојувањето да стане светски лидер во областа на е-мобилноста. На церемонијата на стартувањето на оваа производна линија, одржана во фабриката во Цвикау, присуствувала и кацеларката Меркел. Моделот ID.3 во својата основна верзија, на пазарот во Германија ќе се нуди по цена од 30.000 евра. Истовремено, погонот во Цвикау поминува низ трансформација, па во него ќе се произведуваат исклучиво возила на електричен погон. Во реконструкцијата на фабриката, се вложуваат 1,2 милијарди евра, а од 2021 година, ќе има капацитет за производство на 330.000 возила на електричен погон годишно.
VW планира да лансира скоро 70 нови електрични модели до 2028 година.