Насловна / Вести / Градоначалникот на Кисела Вода не теши дека е сигурен дека некои згради нема да се изградат!?

Градоначалникот на Кисела Вода не теши дека е сигурен дека некои згради нема да се изградат!?

До денес жителите на Општина Кисела Вода можат да поднесат жалби на јавната анкета за Деталниот урбанистички план за Расадник. Новиот план, повторно изработен од ИНПУМА Скопје, планер Борислав Јосифовски, доколку се изгласа, ќе значи дека во Расадник ќе се градат 100 нови згради со бруто – станбена површина од речиси 550 илјади квадратни метри, а во кои ќе може да се населат околу 27 илјади жители. Досега во општината петиција поднеле околу 180 жители и барале да се изградат паркови и зеленило на места на кои е предвидено да се градат згради.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски потврдува дека во делот на Расадник со новиот план предвидено е да се изградат нови 100 згради, но уверува дека во координација со Град Скопје и Министерството за транспорт и врски нема да се дозволи да биде донесен ДУП кој би се косел со било каков закон или правилник.
Темелковски нагласува дека за Општината приоритет е изградба на поликлиника, градинка, основно и средно училиште, три нови паркови и пешачка зона со подземно паркирање. Но исто така вели и дека: „Познавајќи ги проблемите на општината, а и лошите меѓучовечки односи, сигурен сум дека некои згради никогаш нема да се изградат. Некои од нив влегуваат во две, три парцели, а секоја парцела има по 20 сопственици. Шеесет луѓе тешко дека ќе се договорат“. Овој начин на размислувања кој се сведува на препуштеност на случајот, а и еден вид тешење на жителите дека нема да се изградат сите планирани згради е недозволив. Па веднаш се поставува прашањето зошто се планирани, ако градоначалникот не уверува дека нема да се изградат? Градоначалникот мора да знае дека урбанизмот предвидува, планира и со него треба да се создадат услови за правилен, научен и стручно издржан развој на населбата, а не за задоволување на апетитите на сопствениците на локациите и инвеститорите. И дека планирато е подобро да се изгради одошто да не се изгради, всушност затоа и се планира.

Screenshot_1

2 коментари

  1. ing.arh.Ljupco Atanasovski

    Gradonacalnikot verojatno najmnogu ke ne utesi , ako go stopira ovoj nebulozen DUP i da se ogleda na pozitivniot primer na opstina Centar za drasticno preispituvanje na moznosta za novi stanbeni naselbi od vakov razmer. Primerot so “Star Aerodrom” e dovolna i krajna opomena za SITE STO GO SAKAAT SKOPJE ZA ZIVEENJE A NE ZA MAFIJASKI BIZNIS PO SEKOJA CENA.

  2. DUP-ot e skroz pogresen. Na mestoto na igralisteto vo ucilisteto ne treba da se gradi gradinka, tuku edno zdanie od najmalku 20 kata, toa ke mu donese najgolem profit na “tatkoto”, taka najlesno ke ne resi site!
    Zelen grad, zimi Asimov, viknete ja Lile, ona go predade tatka si, ne pa nas, obicnite smrtnici.
    E, ama vo 20-katnoto zdanie ke ima i gradinka vo prizemjeto, em volkot sit, em ovcite na broj!

Испрати коментар

Scroll To Top