Насловна / Вести / САД и официјално излегуваат од Парискиот климатски договор

САД и официјално излегуваат од Парискиот климатски договор

Америка вчера и официјално ги извести ОН за излегувањето од Парискиот климатски договор, се наведува во соопштението на генералниот секретар на САД, Мајк Помпео.
„Соединетите Американски Држави денес го почнаа процесот за излегување од Парискиот климатски договор. Според условите на договорот, САД пратија официјално соопштение на Организацијата на обединетите нации за своето излегување. Излегувањето ќе стапи на сила една година по известувањето“, се наведува во соопштението.
Помпео потсети дека претседателот Доналд Трамп одлуката за излегување од Договорот ја донел поради „неправедниот економски терет“ кој е ставен на плеќите на САД.
Парискиот договор е прв глобален климатски договор кој го потпишаа повеќе од 190 земји во декември 2015. година. Во документот е пропишан планот на дејствијата за спречување на глобалното загревање.

бела

Испрати коментар

Scroll To Top