Жителите на Вратница, Старо Село и Орашје остануваат на ставот дека нема да дозволат да се гради мала хидроцентрала на Вратничка Река и по остварената средба со инвеститорот, претставници на Општината Јегуновце и Министерството за внатрешни работи. Селаните велат дека се под голем притисок со проектите за мини хидроцентрали и не можат нормално да живееат уште од летото 2013 година. Според нив, изградбата е спротивна на законот за води, се нарушува правото на водоснабдување, на вода за наводнување и на имоти на жителите. Проектите за мали хидроцентрали се изработени во канцеларија, а не на терен и институциите форсираат проекти за кои е констатирано дека немаат никаква основа за реализација, велат од месната заедница Вратница.