Насловна / Вести / На Точак прашуват, по кои стандарди се поставени контејнерите во Скопје?

На Точак прашуват, по кои стандарди се поставени контејнерите во Скопје?

За поздравување е заложбата и обидот да се придонесе за средување на градот и создавање услови за сите негови жители,меѓу кои се и пешаци и велосипедисти и возачи на автомобили, а во меѓувреме и сите тие да фрлат ѓубре (во контејнер се разбира). Но секое поставување на опрема во градот и правење велосипедски патеки треба да се планира, проектира и направи по сите стандарди и нормативи за овие намени. Нарачувањето на овие проекти и нивната изработка секако дека треба да има и свои автори.

tocak1

Во спротивно се случува токму она што сега го имаме во Скопје. Поставене контејнери и исцртани велосипедски патеки онамо каде имало место и онолку колку дозволувал просторот, без при тоа да се планира и исполнат потребните стандарди.

tocak3

И така се доаѓа во ситуација да си сметаат едни на други, а во некои случаи велосипедските патеки да станат опасни и за велосипедистите и за сите други корисници на градот. Од овие причини здружението На Точак испрати допис до Град Скопје со следните прашања:

tocak

1. Кое тело/сектор/лица одлучувале за набавката на контејнери, видот на контејнери што ќе се набавуваат и локациите каде што ќе се поставуваат?
2. Дали локациите на контејнерите се испланирани пред или после набавката? По кои критериуми се бирани? Дали може да цитирате релевантни одлуки, одобренија и документи? Дали е одобрен елаборат за поставување на урбана опрема и кој стои позади него, кој го изработил и кој го одобрил?
3. Кои стандарди за урбанистичко планирање и уредување на просторот се користени при изборот на локации на контејнерите, особено оние врз велосипедски патеки?
4. Дали пред да се донесе одлуката за локациите и типовите на контејнери се консултирани лица од Секторот за сообраќај, Секторот за урбанизам, СВР Скопје и други засегнати страни што работат на проектот „Скопје Велоград“ и кои?
5. Со оглед на тоа дека веќе има сериозни реакции од граѓаните, дали се планира ревизија на избраните локации? Доколку не се планира ревизија, дали за ваквото решение, кое што значително ја менува инфраструктурата и безбедноста во сообраќајот, се побарани и одобрени изменети сообраќајни проекти за булеварите и улиците каде што се поставени контејнерите?

Целиот допис може да се види тука.

tocak2

Испрати коментар

Scroll To Top