Илон Маск донираше еден милион УСД на јутјуберот Џими Доналдсон, попознат како MrBeast, кој покренал кампња за собирање на 20 милиони долари за борба со климатските промени, односно за садење на дрвја. Овој хуман гест на Маск ја заинтригира американската јавност, со оглед дека директорот на компаниите Tesla и SpaceX неодамна изјави дека е во финансиски проблеми. Маск веднаш по објавата на Доналдсовата кампања покажал интерес за донација распрашувајќи се за видот на дрвја и локациите за пошумување. Дрвјата ќе се садат на сите континенти освен Антарктик, а видот на дрвјата зависи од спецификите на секое поднебје.
Собирањето на средства за оваа кампања се покажало успешно и без донацијата на Маск. Досега MrBeast собрал над шест милиони УСД, а проектот се спроведува во соработка со фондацијата Arbor Day.