Насловна / Арт и дизајн / Во НЛБ Галерија детски цртежи и донација за Детската клиника во Скопје

Во НЛБ Галерија детски цртежи и донација за Детската клиника во Скопје

Вчера во просториите на НЛБ Галеријата со отворање на изложба на детски цртежи, се заокружи НЛБ Месецот на штедење, кој традиционално по осми пат беше организиран од страна на НЛБ Банка.

Оваа година, НЛБ месецот на штедење имаше хуманитарен карактер при што за секој пристигнат цртеж Банката донираше по 200 денари. Собраните средства се наменети за набавка на опрема и инвентар за Одделот за хематологија и онкологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Slika (5)

На присутните им се обрати Претседателот на Управниот одбор г-дин Антонио Аргир, кој изрази големо задоволство за одзивот од акцијата, соработката со градинките и основните училишта, како и рекордниот број на пристигнати цртежи. На настанот беше присутна и директорката на Детската клиника Др. Катерина Ставриќ која по повод донацијата изјави: „ Би сакала ова да биде пример кој и во иднина ќе ни послужи и ќе не потсети дека со заеднички сили навистина можеме многу бидејќи здравјето на децата треба да биде приоритет на секое општество“.

Slika (4)

Акцијата за цртање на тема „Штедиме и ја истражуваме вселената со Тиби и Штуки“ траеше еден месец, односно од 25 септември до 25 октомври. Ликовниот конкурс беше отворен за сите деца на возраст од 5 до 15 години и имаше награден карактер, при што беа наградени вкупно 30 деца. Дваесет од нив беа избрани од страна на стручната жири комисија составена од наши реномирани уметници: Сергеј Андреевски, Микица Трујкановиќ, Владимир Лукаш и Филип Фидановски, а остантите десет беа избрани од пошироката јавност преку гласање на веб страницата на Банката. Сите добитници од овој конкурс добија штедна книшка од НЛБ Банка со штеден влог од 3.000 денари.

Slika (1)

Изложбата на детски цртежи ќе биде отворена до 25-ти ноември, секој работен ден од 08.00 до 20.00 часот.

Slika (2)

Slika (3)

банка

Sergej Andreevski

Filip Fidanovski

Mikica Trujkakovikj

Испрати коментар

Scroll To Top