Косовската електроенергетска (КЕК) ќе добие 76 милиони евра за намалување на загадувањето од Термоелектраната Kosovo B. Се работи за грант од средствата на финансискиот инструмент на ЕУ, ИПА. Проектот предвидува замена на електростатските филтри, по што емисијата на цврсти честички ќе биде во согласност со европските стандарди. Во текот на последните 10 години, KEK вложил 60 милиони евра за унапредување на животната средина со замена на филтрите во двете термоцентрали на јаглен Kosovo A и Kosovo B, кои произведуваат речиси 98% од енергијата произведена на Косово.