Насловна / Архитектура / Паметен град со 7,5 милиони растенија во Мексико

Паметен град со 7,5 милиони растенија во Мексико

Италијанскиот архитект Стефано Боери ги откри плановите за паметниот град во Канкун, Мексико, целиот во шума. Неговиот проект е замислен како пионер во еколшко ефикасниот развој на градовите. Smart Forest City Cancun би требало да се изгради на локација од 557 хектари во близина на Канкун. Според зборовите на архитектот, ќе содржи дури 7,5 милиони растенија, вклучувајќи многу дрвја и грмушки. Неговиот проект е дел од концептот на градови составени од облакодери прекриени со растенија, каде изобилството од зеленило сериозно придонесува за здраво опкружување.

На овој проект му конкурира проект за изградба на голем трговски центар, но Боери верува дека сите аргументи се на страната на неговото решение. Овој паметен град ќе апсорбира 116.000 тони јаглерод диоксид годишно. Ќе биде изграден со целосно почитување на потребите на неговите жители. Имено, цела низа од сензори распоредени низ објектите ќе собираат релевантни информации за нивното однесување и навики, кои ќе служат како основа за унапредување на животот согласно нивните потреби.

cancun1

cancun2

cancun3

cancun4

Испрати коментар

Scroll To Top