„Четири од пет електрани на јаглен во Европската Унија се загубари, па оваа година би можеле да се соочат со вкупна загуба од 6,6 милијарди евра“, известува иницијативата Carbon Tracker. Carbon Tracker ги анализирал економичноста на работењето на секоја од овие електрни во ЕУ, и утврдил дека 79% од нив работат со загуба. „Производителите на електрична енергија од јаглен во ЕУ губат силни пари бидејќи не можат да се натпреваруваат со поефтиното производство од обнвливците. Креаторите на политики и инвеститорите треба полека да се подготвуваат за укинување на јагленот најдоцна до 2030 година“ изјавил Matt Gray, коавтор на анализата на Carbon Tracker. Според извештајот, најголема загуба трпи германски RWE, која за оваагодина изнесува 975 милиони евра, или 6% од пазарната капитализација. На оваа листа се исто така и групациите од Чешка и Грција, додека постројките во Полска се меЃу ретките кои работат со добивка, поради високите субвенции кои ги добиваат.