Насловна / Арт и дизајн / Пет века Леонардо да Винчи, отворена долгоочекуваната изложба

Пет века Леонардо да Винчи, отворена долгоочекуваната изложба

Подготовката траеше повеќе од десетлетие, а замалку беше спречен и дипломатски спор. Сега една од најскапите светски уметнички изложби, во знак на одбележувањето на 500 годишнината од смртта на Леонардо да Винчи – конечно се отвари за јавноста.

1

портрет на една дама од дворот во Милано

Домот на Леонардовата Мона Лиза, музејот Лувр во Париз вчера ги отвари вратите за да прикаже повеќе од 160 слики и цртежи на ренесансниот гениј Леонардо да Винчи, од кои некои се позајмени од крализата Елизабета II и Бил и Мелинда Гејтс.

2

цртеж од дворецот Виндзор

Изложбата, која се очекува да привлече повеќе од половина милион посетители во текот на наредните четири месеци, има за цел да обезбеди продлабочено разбирање на методите на работа на уметникот, користејќи ги неговите тетратки, инфрацрвена технологија на снимање и виртуелна реалност.

3

повторувања на Девица ги прикажуваат слоевите на детето како што Леонардо напредувал

Користејќи инфрацрвена светлина врз некои од неговите најпознати уметнички дела откриени се бројни тајни, повеќе слоеви на цртежи под готовите дела на уметникот. Не е прв пат да се користи овоаа метода. Во август, експертите пронајдоа нацрти за ангелот и новороденчето Христос под површината на „Богородица на карпите“ на Леонардо, користејќи макро-зраци со флуоресцентни мапи и инфрацрвени и хиперспектрални слики.

4

цртеж во една од многуте тетратки на Леонардо да Винчи, лик на куче

Леонардо да Винчи бил инженер, дизајнер, научник и уметник кој бил фасциниран од човечката форма и однесувањето на животните и растенијата.
Од растот на дрвјата до движењето на птиците – тој бил опседнат со летот и дизајнирал машина за летање врз основа на крилјата на лилјак – Леонардо ги проучувал комплексностите и ги документирал со цртежи.

5

дизајн на компас

Тој дизајнирал и оружје, алати и прибор, а неговите тетратки вклучуваат и интерпретации на архитектонски техники на градење.
Меѓу најславните дела дадено на позајмица на Лувр е Витрувијанскиот човек на Леонардо. Делото, кое ќе биде дел на изложбата осум недели, беше транспортирано во Париз дури минатата недела и покрај обидите да се забрани да ја напушти Италија.

6

Витрувијанскиот човек

Стоејќи покрај чувствителното уметничко дело, ко-кураторот на изложбата Vincent Delieuvin, вели дека цртежот ја покажува важноста на односот меѓу науката и уметноста. “Во овој случај, тоа ја покажува убавината на човековото тело“ и додава . „Се надваме дека ќе покажеме колу голем уметник бил тој и зошто и колку е Леонардо важен. Користел мошнее посебен и оригинален метод на работа заснован на наука“.

8

Beyond the Glass

Мона Лиза, можеби една од најпознатите слики на уметникот, не е претставена на оваа изложба во физичка форма – таа се чува на друго место во Лувр во заштитено стако, но посетителите можат да ја видат сликата Beyond the Glass.
Искуството со виртуелна реалност, прво од ваков вид во Лувр, вклучува научни истражувања за да открие детали внатре во сликите, инаку невидливи со голо око, велат програмерите на проектот, Vive Arts.

Screenshot_1

Изложбата на виртуелна реалност ветува дека ќе ги открие тајните на Леонардо да Винчи

7

„Тајната вечера“ изложена на дисплеј во Лувр

На изложбата има и парчиња на позајмица од кралицата, кои обично се чуваат зад затворени врати во дворецот Виндзор. Тие вклучуваат студии на Леонардо за раце и главата на Леда, митолошката мајка на Елена од Троја.

9

цртеж „пенкало и кафеаво мастило на хартија“ од Леонардо да Винчи, создаден околу 1490 година, на позајмица од Кралската колекција

„Кралицата Елизабета беше многу дарежлива, испраќајќи 24 парчиња од нејзината колекција; благодарени на тоа можеме да покажеме убав избор на неговите цртежи“, вели Delieuvin.

10

Глава на жена (позната и како La Scapigliata)

На изложбата се претставени и дела од други уметници од ренесансата, вклучувајќи и скулптури, за да се помогне да се стави во контекст делото на Леонардо да Винчи, рече Лувр.
Delieuvin изјави за Би-Би-Си дека очекува околу 600.000 луѓе да ја посетат изложбата во Париз благодарение на импресивниот обем на дела кои се прикажани.

Извор: Би-Би-Си

Испрати коментар

Scroll To Top