Во случаи кога веќе изградените објекти не ги задоволуваат асеизмичките критериуми, најчесто се
предвидува комплетно рушење на објектот и негова повторна изградба. Затоа во тој момент пред
проектантот се појави огромен предизвик, со примена на различни методи и начини за зајакнување на
армирано-бетонската конструкција познати од неговото досегашно искуство, но и користејќи ги најновите
достигнувања во светски рамки, да го доведе објектот во состојба во која ќе се гарантира неговата идна
сеизмичка сигурност, а сепак да се спаси досегашната огромна инвестиција која се мери во милиони евра.
Како што пишувавме во претходниот
број на нашето списание, зградата
„убиец“ или попозната како бивша
„Југобанка“ од минатиот месец
отпочна да се доизградува. Нејзин
инвеститор е Министерството за
финансии на Република Македонија,
додека изведувач на градежните
работи е словенечката фирма
„Енергоплан“ од Љубљана.
Но, иако зградата е
изградена во 80-
тите години од
минатиот
век, од
статички, а посебно од асеизмички
аспект, нејзината армирано-
бетонската конструкција беше
потребно да се зајакне. Ова
произлезе од фактот што според
член 4 од Правилникот за технички
нормативи за градење објекти во
сеизмички подрачја (1981 год),
објектот што припаѓаше во II
категорија објекти (деловни
објекти), помина во
групата објекти од
I категорија,
односно „објекти во кои се
вршат активности од посебен
интерес за општествено-
политичките заедници“, со
што дојде до зголемување на
коефициентот на сеизмичка
сигурност од 1,00 на 1,50.
Заради тоа, по извршеното
ново архитектонско
надворешно, но и внатрешно
функционално решение на
овој објект, се пристапи кон
повторно преиспитување на
статичката и сеизмичката
стабилност на армирано-
бетонската конструкција, но
овој пат според новите, многу
поригорозни критериуми
на асеизмичко проектирање
на ваков тип објекти.
Така, заради потребата зградата
да се преиспита дали има капацитет
да прими дури за 50 проценти
поголеми сеизмички сили, се
пристапи кон изработка на Студија
за преиспитување на капацитетот
на носивост на конструкцијата.
Според добиените резултати од
оваа студија, се констатираше дека
ниту еден од проектните критериуми
за цврста, безбедна и асеизмичка
градба не се задоволени.
Имено,
катните поместувања беа за
околу 20 проценти поголеми
од дозволените, додека, пак,
апсолутните поместувања на
последниот кат од објектот беа за
околу 50 проценти поголеми од
дозволените. Исто така, потребната
арматура во армирано-бетонските
столбови, но и онаа во горната
зона над потпорите во армирано-
бетонските носачи беше помала од
моментално вградената арматура
во овие конструктивни елементи.
Во вакви случаи, кога веќе
изградените објекти не ги
задоволуваат асеизмичките
критериуми, најчесто се предвидува
комплетно рушење на објектот и
негова повторна изградба. Затоа
во тој момент пред проектантот
се појави огромен предизвик, со
примена на различни методи и
начини за зајакнување на армирано-
бетонската конструкција познати
од неговото досегашно искуство,
но и користејќи ги најновите
достигнувања во светски рамки,
да го доведе објектот во состојба
во која ќе се гарантира неговата
идна сеизмичка сигурност, а
сепак да се спаси досегашната
огромна инвестиција која се
мери во милиони евра.
Заради ова, се помина кон втората
фаза на проектирање, односно
се почна со изработка на Проект
за зајакнување на постојната
армирано бетонска конструкција.
Меѓутоа, пред да се отпочне со
какво било препроектирање, од
специјализирана компанија за таква
цел беше нарачан елаборат со кој ќе
се откријат и потврдат вградените
марки бетон, како и арматурни
прачки во конструктивните
елементи на армирано-бетонската
конструкција. После изработката
на овој елаборат, на проектантот
му беше на распологање комплетната моментална „слика“
на конструкцијата на објектот.
Како прва мерка за зајакнување
на конструкцијата и како едно од
логичните решенија за ваквиот вид
проблематики е вметнувањето на
крути вертикални елементи-платна
во постојниот конструктивен систем,
со што значително се подигна
крутоста на целиот систем. Ова
се направи на тој начин што се
пристапи кон замена на скалишните
ѕидови, изведени од полна тула
со дебелина од 25 сантиметри, со
армирано-бетонски платна, исто
така со дебелина од 25 сантиметри.
Со ова, на многу едноставен начин
и без никакво дополнително
функционално пореметување на
објектот се постигна саканата
цел, односно намалување на
вредностите на првите тонови
форми на осцилации и пад на
релативните катни поместувања,
како и апсолутните поместувања на
врвот на конструкцијата, под оние
дозволените со нашите прописи.
Втор чекор од анализата на
конструкцијата беше да се провери
дали вградената арматура во
армирано-бетонските столбови
и греди е во поголем процент од
потребната арматура, пресметана
со новата статичка и сеизмичка
анализа. Со опсежната анализа
се покажа дека вградената
арматура во сите армирано-
бетонски носачи задоволува, а
исто така и кај повеќето армирано-
бетонски столбови, освен
централните, кај кои беше потребно
дополнително зајакнување.
Заради тоа се пристапи кон трет
чекор во третманот на постојната
армирано-бетонска конструкција,
а тоа е зајакнување на централните
армирано-бетонски столбови,
односно зголемување на нивниот
попречен пресек од 90×90 на
100×100 сантиметри. Зајакнувањето
би се извршило на следниов начин:
Се отстранува заштитниот слој
на постојниот армирано-бетонски
столб сè до појава на главната
арматура и доаѓање до цврста
подлога. Периферно се монтира
новата главна арматура и тоа по
5 прачки во ќошињата, како и
монтажна во средина на секоја од
страните на столбот. Се штемува
армирано-бетонската плоча во
аглите каде што треба да поминат
петте прачки. Арматурните
прачки проаѓаат низ плочата и се
наставуваат преку секој втор кат,
според прописите за асеизмичко
проектирање. Се монтира средната
(монтажна) арматура од греда до
греда, но претходно во гредата од
горна и долна страна се поставуваат
анкери од истиот профил, на
кои би се наставила монтажната
арматура. Пред поставување на
анкерите се прават отвори со
дијаметар од ф2 сантиметра и
длабочина од 25 сантиметри.
Отворите се прочистуваат и
обеспрашуваат и во нив се залева
епоксидна смола, а потоа веднаш
се вметнуваат анкерите. Околу
така поставениот ќош од главна
арматура се поставуваат узенгии на
10 сантиметри на двоен преклоп.
Пред бетонирање се премачкува
„Врска У“ (стар и нов бетон).
Се бетонира нов слој бетон од
7,5 сантиметри, што се врши со
нафрлен бетон (торкрет-бетон)
во слоеви, со марка на бетонот
МБ 30 и на крајот со рачно
финиширање на површините. Се
прави задолжително пробно поле
со тестирање на квалитет (слика 1).
Специфично за овој објект
претставува и изведбата на новите
армирано-бетонски платна заради
потребата од нивно вметнување меѓу
веќе изведени, односно постоечки
армирано- бетонски греди. Тоа
се врши на следниов начин:
Се отвора постоечкиот армирано-
бетонски столб на контактот со
новото армирано-бетонско платно
по цела висина, со ширина околу
30 сантиметри и длабочина до
заштитен слој и постојните узенгии
на столбот. Се дупчат отвори (ф50
мм) на секои 20 сантиметри по цела
висина на контактната површина со
столбот во цикцак позиција и под
мала косина надолу. Се поставуваат
анкери во отворите и се заливаат со
епоксидни смоли. Околу анкерите се
поставува спирална арматура заради
подобра атхезија на анкерите со
бетонот.
Се поставуваат вертикални
подолжни шипки и пунктирано се
заваруваат за постојните узенгии
од столбот. Веднаш до столбот се
конструира „скриен“ столб со свои
узенгии на 10 сантиметри. На сличен
начин се прават
отвори, поставуваат
анкери и изведуваат
„скриени носачи“
и во контактот на
новото армирано-
бетонско платно со
горната и долната
армирано-бетонска
греда на која тоа
налегнува.
Потоа се
поставува останатата
хоризонтална и
вертикална арматура
предвидена со
пресметката
на армирано-
бетонското платно
на соодветно
растојание.
Хоризонталната
и вертикалната
арматура со
своите куки треба
да ги заобиколат
вертикално
поставените и
пунктирани прачки.
Пред бетонирање,
контактната
површина се премачкува со „Врска
У“ (стар и нов бетон). Бетонирањето
се врши со бетон марка МБ 30
од горната страна на платното
со помош на инки (слика 2).
Со погоре опишаните постапки и
прикажани скици, целта на авторот
на овој текст е во кратки црти да ги
запознае нашите читатели со еден
од можните начини за зајакнување
на една армирано-бетонска
конструкција и нејзино претворање
во стабилен асеизмички објект
за многу генерации понатаму.
Непобитен е фактот што со
примена на личните познавања
на проектантот, но и примена
на најновите научни светски
достигнувања од областа на
земјотресното инженерство, се
постигна целта овој објект да не се
сруши, со што нашата земја оствари
значителни финансиски резултати.
Секако, нескриена останува
мојата желба, објектот на
Министерството за финансии на
РМ, кој до вчера беше една грда
градба, час поскоро да стане еден
од најубавите, најрепрезантативните
и, се разбира, препознатливи
градби во нашиот град.
Влатко Коцевски,
м-р градежен инженер