Градот Виена ги обработува сите пријави од граѓаните, со помош на апликацијата „Кажи и на Виена“ (Sag’s Wien), без оглед дали се работи за неиправни улични светилки, преполни корпи за отпадоци, илегални депонии или оштетени улици. Околу 50.000 граѓани веќе ја инсталирале оваа апликација и доставени се речиси идентичен број пријави, од кои 98,37% се успешно решени. На почетниот екрај понудени с етри опции: направи фотографија, искористи постоечка фотографија или напиши порака. Локацијата се дефинира автоматски со помош на GPS. На крајот треба да се избере и категоријата каде припаѓа проблемот – сообраќај, градежни работи и сл. Апликацијата исто така препознава дали некој друг веќе испратил барање з аистиот проблем, а на мапата е видливо во кој дел од градот веќе се идентификувани одредени проблеми. Кога барањето е решено, корисникот добива повратна информација за превземените активности. Апликацијата е достапна на Google и Apple Store.