Насловна / Архитектура / Кружен висечки мост со 450 млазници за вода

Кружен висечки мост со 450 млазници за вода

Кога се зборува за највозбудливите забавни проекти, мостот на небото во Жангџаџи во Кина, во провинцијата Хунан и стаклената небесна точка во Чонгкинг секогаш се наметнуваат како нешто спектакуларно. Барателите на возбуда, кои допрва треба да се обидуваат да ги поминат овие небесни бранови, или сакаат да доживеат нешто неверојатно, за да го испумпаат адреналинот од себе, треба да го посетат небесниот коридор што неодамна се отвори во Кингјуан.

most1

Небесниот коридор, кој се наоѓа на туристичката атракција „Хуангтенг“ во клисурата во Кингјуан, е највисокиот кружен небесен коридор кој беше отворен за јавноста во јули годинава.

Поддржан од три огромни челични столбови, небесниот коридор е познат кај туристите и како „Големите тениски рекети“, затоа што изгледа како два тениски рекети поставени преку планината. Овој висечки коридор буквално излегува од карпата, се протега на 368 метри хоризонтално и е на височина од 500 метри, што е еквивалентно на висината на зграда од 166 ката.

most2

Иако може да почувствувате адреналински наплив при одење или ползење, овој градежен коридор е навистина многу безбеден. Уште повеќе, можете да уживате во убав поглед. Стоејќи на делот за движење, можете да гледате сплаварење на реката долу или прекрасен пејзаж на клисурата, урбан пејзаж на Кингјуан на југ и на самрак спектакуларно заоѓање на сонцето на запад. За време на магливите денови, целиот коридор изгледа како да виси над облак.

Тимот што го дизајнираше небесниот коридор беше толку креативен што инсталираше 450 млазници со вода и скоро 2.000 електрични светла на најоддалечениот кружен мост, создавајќи го најголемиот светски кружен музички водопад со вкупен обем од 168 метри.

most

Во текот на денот, огромниот вештачки водопад танцува како на музика на некој елегантен валцер. На самрак, како што се менува аголот на сончевата светлина, музичкиот водопад се претвора во кристална завеса, создавајќи заслепувачко виножито. Бидејќи ноќта паѓа и светлата се вклучуваат, посетителите можат да уживаат во шарен музички водопад.

Освен овој сегмент, за да биде забавата комплетна, постојат уште неколку паралелни атракции во околината. Една е сплаварење на реката, којашто се гледа од самиот кружен коридор.

most3

Испрати коментар

Scroll To Top