Насловна / Вести / Тестиран најдолгиот комерцијален лет во историјата

Тестиран најдолгиот комерцијален лет во историјата

Њујорк и Сиднеј од сега се поврзани со директна авио линија, без слетување, која ги собори сите досегашни рекорди кога станува збор за комерцијални летови.
Авионот на австралиската авио компанија „Квантас“, Боинг 787-9, реализираше лето во времетраење од 19 часа и 16 минути, поминувајќи растојание од 16.015 километри.
Компанијата сака да провери до каде идат границите на издржливост на патниците и дали летови кои траат речиси цел ден се подносливи, а пробниот лет е наречен „ Project Sunrise”.

лет
„Ги охрабрувавме патнициуте да конзумираат многу кафе за време на летот“, рече Фил Кепс, член на посадата на „Квантаса“.
Австралиската авио компанија планира да ги помести границите на долгите летови, а најавува дека вакви летови ќе бидат достапни за сите во 2022. или 2023. година. Сепак на овој лет летеале само 50 патници, а во таа бројка вклучена е и посадата на авионот, но и истражувачи кои бележеле се што се случува за време на летањето.

лет2

Пилотот Шон Голдинг, директорот на „Квантас“Ален Џојс и менаџерката Лиса Норман по експерименталниот лет

Во соработка со изтражувачите „Квантас“ сакал да провери како реагираат патниците на разни работи, од потребата за сон, до т.н. џет лег, со оглед на временската разлика помеѓу Њујорк и Сиднеј од 15 часа.
Летот поминал без проблеми и според замислениот план. Оваа компанија планира да спроведе идентично тестирање за месец дена, кога ќе се лета од Лондон до Сиднеј.

Испрати коментар

Scroll To Top