Проектантското студио Klopf од Сан Франциско го реализира проектот за дом кој има нула потрошувачка на енергија и се наоѓа во Cupetino, Калифорнија. Сакајќи да постигнат највисок степен на енергетски ефикасен систем, сопствениците се одлучиле за двокатен објект, бидејќи доколку куќата се развива само на едно ниво, би се одземало местото на задниот двор.
Почитувајќи ги соседите во опкружувањето, плочата на делумно потопеното долно ниво е повлечена со цел да се обезбеди светлосен атриум. Објектот е изграден во соработка со машински инженери од енергетската група Monterey, па така волуменот е сочинет од изолирани бетонски форми, прозорци со високи перформанси и соларен фотонапонски систем, доволно големи да го покријат целиот потрошувачки капацитет на енергија. Изгледот на отворен план и осветлениот ентериер нудат директна релација со надворешноста, без да биде нарушена приватноста.