Насловна / Вести / Како е рангирана Македонија според одржливоста на електроенергетскиот систем?

Како е рангирана Македонија според одржливоста на електроенергетскиот систем?

Направена е нова светска ранг листа за одржливоста на националните електроенергетски системи, која редовно ја подготвува Светскиот совет з аенергија (World Energy Council – WEC). Ранг листата мери три основни параметри во електроенергетиката: енергетска сигурност, одржливост и достапност до енергија. На таа листа Македонија е на 71-вото место. Швајцарија, Шведска и Данска се на прворангирани, а од земјите од регионот, најдобро рангирани се Романија, на 26-то место и Словенија на 27-мо. Бугарија е 41-ва, Грција е 47-ма,  Црна Гора на 64-то место, Србија на 70-то, Албанија на 73-то и Босна и Херцеговина на 79-то место. На оваа листа рангирани се вкупно 128 земји. Целиот извештај можете да го најдете ОВДЕ

WEC1

WEC3

Испрати коментар

Scroll To Top