Насловна / Вести / Со велосипедски туризам Словенија ќе ги поврзува своите зелени дестинации

Со велосипедски туризам Словенија ќе ги поврзува своите зелени дестинации

Локациите што се носители на Зелен сертификат во Словенија ќе бидат поврзани со најдолгата маршрута за велосипедски туризам во светот.

slovenija1

„Bike Slovenia Green“, што ќе се отвори на 1 ноември, ќе има седум станици на својата една недела долга авантура низ природа. Патеката ќе ги однесе возачите во срцето на Јулијанските Алпи преку езерото Блед до јадранскиот брег на југот на земјата.

Патеката ја имаат дизајнирано од Туристичката агенција „Visit GoodPlace“ како дел од проектот финансиран од Европската Унија, а што ќе го спроведе Министерството за економија.

slovenija2

Сите градови на маршрутата ги задоволуваат словенечките и меѓународните стандарди за Зелен сертификат, но таа поминува и низ вински региони, ги води велосипедистите во мали семејни хотели и се вози главно во мирни, природни услови.

Маршрутата почнува во Крањска Гора, високо во Јулијанските Алпи, па се посетуваат Блед, националниот парк Триглав, Бохињско Езеро, долината на реката Соча и Шмартно на италијанската граница, за преку Комен и Липица да се стигне во Копер.

slovenija

Испрати коментар

Scroll To Top