Насловна / Арт и дизајн / 104 години стар бар во Њујорк прогласен за најдобар на светот за 2019

104 години стар бар во Њујорк прогласен за најдобар на светот за 2019

Барот „Данте“ во Њујорк, стар 104 години, победи силна конкуренција и се најде на првото место на листата на најдобрите светски барови за 2019. Иако служи модерна италијанска храна и широк избор на коктели, „Данте“ сѐ уште е најпознат по еспресото и коктелот „Негрони“.

Dante

Оригиналниот „Данте“ бил отворен во 1915 во тогашно доминантно италијанско маало и освои доста награди откако пред четири години беше преземен од двајца пријатели од Австралија. Барот на ланското рангирање беше на деветтото место.

dante1

На второто место заврши луксузниот бар „Конот“ во Лондон, а трет е „Флорерија атлантико“ во Буенос Аирес.

 

Испрати коментар

Scroll To Top