Насловна / Вести / Привлечна градина во текот на сите четири сезони

Привлечна градина во текот на сите четири сезони

При дизајнирање на градината еден од основните аспекти кои треба да се запазат е да се направи правилен избор на растенија. За да се постигне ваква совршена комбинација од растенија треба да се направи избор на садници кои би се истакнувале во одреден период од годината, а притоа истите да не ги ставаат во подредена ситуација останатите растенија околу нив кои се дел од пејзажот. Тоа се постигнува со садење на растенија кои во одреден дел од годината ја менуваат бојата, плодоносат или имаат некоја друга карактеристика која би ја збогатила целокупната слика на вашата градина.

Fraxinus excelsior

Пролет

Со доаѓањето на пролетта, градинарите се будат од зимскиот сон и се враќа позитивната енергија во градината. Пролетта сама по себе е прекрасна затоа што во овој период се буди вегетацијата, а со употреба на голем број цветни садници како што се азалеа, спиреа, магнолија, како и големиот репертоар на сезонско цвеќе кое е достапно во овој период од годината може да се постигнат спектакуларни ефекти во градината.

4

По правило во овој период од годината влагата во воздухот и почвата е многу висока, па така и тревните површини изгледаат совршено. Сè што треба да направите во овој период е чистење и аерација на тревниците, а по потреба и досејување за уште поубав изглед. Комбинацијата од некои четинари како Chamaecyparis lawsoniana ellwoodii, Chamaecyparis lawsoniana Ivonne или Chamaecyparis lawsoniana alumii насадени во групи со цветни грмушки дава одличен впечаток.

Manicured Spring Summer Residential yard

Лето

Без разлика во кој дел живеете, летото, како и пролетта претставува обоена сезона со напомена дека во овој период потребата од дополнително полевање е задолжително поради помалата влага во воздухот и почвата.

индиски јоргован

Во овој период цветаат видови како хибискусот, фуксијата, хортензиите кои во комбинација со гореспоменатите четинари може исто така да постигнат одличен ефект во градината. Од видовите кои сè почесто се користат во хортикултурното уредување и кај нас е индискиот јоргован кој започнува со цветање во втората половина од јули и го задржува цветот до есен, па и подоцна.

Градина во лето

Есен

Како што полека летото заминува и настапува есента, почнува сезоната на промена на бои. Постојат голем број на листопадни видови кои магично ја менуваат бојата на листовите во текот на есента пред истите да ги исфрлат. Тие бои иако не се задржуваат долг период создаваат пејзажи за восхит. Такви видови се голем број на видови од родот Acer (јавори),  Liquidambar styraciflua кој постепено ја менува бојата на листовите во црвена од долниот дел на крошната па нагоре, Fraxinus excelsior кој ја менува бојата на листовите во јака жолта боја.

esenski pejsaz

Зима

Градината во зима претставува приказна за себе. Иако вегетацијата е во мирување работата околу чистењето на снег од садниците знае да биде многу досадно. Во овој период со чистењето на снегот од некои зимзелени видови како што се Picea pungens, видови од родот Juniperus spp. како и некои декоративни треви може да се постигне ефект на снежна идила. Во овој период се јавуваат и многу видови како Ilex sp. кои со своите назабени ливчиња и црвени бобинки изгледаат многу привлечно.

ilex winter

Испрати коментар

Scroll To Top