Насловна / Вести / Автономни роботи во одржување на ветерни паркови

Автономни роботи во одржување на ветерни паркови

Целосно автономни роботи кои с ево можност да прегледаат оштетени делови од ветерни турбини, с еразвиени од страна на шкотски научници. За разлика од поголемиот дел беспилотни летала, овие роботи се целосно автономни, односно не бараат управување од оператор. Проектот вреден повеќе милиони фунти покажува дека овие роботи можат да нуркаат, летаат па дури и да размислуваат. Се развиваат од страна на компанијата Orca, која се смета за најголем академски центар од овој вид во светот и има седиште на Универзитетот Heriot-Vatt. Во конзорциумот се вклучени и Imperial College London, Универзитетот Оксфорд и над 30 партнери од индустријата.

Беспилотни леталa и досега се користени кај офшор ветерните паркови, за инспекција на тешко достапните места. Но, оваа технологија оди чекор понатаму. Има роботска рака, со која можат да се завршат и одредени поправки.

wfrobot1

wfrobot2

wfrobot3

Испрати коментар

Scroll To Top