Данскиот производител на играчки Lego размислува за модел за изнајмување на своите легендарни коцки, со цел да одговори на проблемот со користењето на пластиката во своите производи и да даде придонес во намалувањето на пластичниот отпад. Производните компании од различни сектори во моделот на изнајмување на производите гледаат прилика за намалување на влијанието врз животната средина, но и нов извор на приходи. Комисијата за бизнис и одржлив развој покрената во давос во 2016 година, проценила дека приходите и потенцијалната заштеда од изнајмувањето на производите би можела до 2030 година да достигне 1.000 милијарди УСД.
Потпретседателот на компанијата Lego задолжен за одржливост, изјавил дека компанијата е „целосно отворена“ во врска со идејата за изнајмување на играчки. Тоа е изводливо, иако постојат одредени технички препреки.“ Притоа, тој првенствено мислел на сложеноста на одредени комплети кои содржат и по илјада делови.