Насловна / Архитектура / Напуштена фабрика со нов идентитет

Напуштена фабрика со нов идентитет

Архитектите од студиото О-office, кое е формирано во Guangzhou, неодмна ја отворија нивната прва изложба во текот на реновирањето на една напуштена бетонска фабрика наречена ‘iD town’.

ooffice_idtown_db_04

Проектот на фабриката за принтање и боење, кој зафаќа 20 хектари, бил направен во 1989 година и бил напуштен цели 10 години. Сега, истата таа фабрика вдомува структури со уметнички содржини исполнети со студија, ресторани, хотели, администрација и најважно од сè, се изложбените простори.

Целиот мастер план ќе ја опфати реализацијата на 18 објекти во периодот од 20 години, иако некои од нив се веќе готови и функционираат. Употребувајќи го постоечкиот бетонски скелет на напуштената конструкција,  архитектите вметнуваат црно-бели структури слободно организирани околу права линија за да се добие човекомерност независно од огромните  димензии на фабриката. Отстранети се прозорците на фабриката за да се формира непрекинат проток целосно отворен кон дворот, каде што има најразновидни настани и бројна публика.

Како ќе дојдат нови клиенти, така проектот ќе се зголеми во обем и карактер, меѓутоа ова се однесува на подолг временски период.

ooffice_idtown_db_02 ooffice_idtown_db_03 ooffice_idtown_db_05 ooffice_idtown_db_06 ooffice_idtown_db_07 ooffice_idtown_db_08 ooffice_idtown_db_09 ooffice_idtown_db_10 ooffice_idtown_db_11 ooffice_idtown_db_12 ooffice_idtown_db_13 ooffice_idtown_db_14 ooffice_idtown_db_15 ooffice_idtown_db_16 ooffice_idtown_db_17 ooffice_idtown_db_18 ooffice_idtown_db_19

ooffice_idtown_db_21 ooffice_idtown_db_20

Испрати коментар

Scroll To Top