Градежниот факултет во Скопје, по повод својот 70 годишен јубилеј на свеченост во факултетскиот амфитеатар, додели плакети како знак на благодарност за долгогодишната плодна и успешна соработка со неколку факултети, институции и фирми.
Деканот на Градежниот факултет, Проф. д-р Златко Србиноски додели плакети на Архитектонскиот факултет, ИЗИИС, Технолошко-металрушкиот факултет, Медицинскиот факултет, Завод за испитување на материјалите и развој на нови технологии, Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија, Комора на трговци поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на Р.С.Македонија, Градежната комора, Институт за стандардизација, АДИНГ АД Скопје, АДОРА инженеринг, АД Бетон, ГЕИНГ, Гранит, СИНТЕК Специфик. Плакети беа доделни и на многу други фирми, институции со кои Градежниот факултет има одлична соработка.
На свеченоста беа доделени и признанија и награди за најдобрите дипломски трудови од градежништвото, геодезијата и геотехниката. Компанијата АДИНГ додели награда за најдобар дипломски труд од областа на градежништвото.
Наградата ја понесе студентот Александар Волчески кој под менторство на проф. д-р Златко Зафировски ја изработил дипломската работа со наслов „Фактори на влијание при избор на тунел на делови од инфраструктурен проект“.
Од областа на геодезијата најдобар дипломски труд е тој на студентот Бојан Бојчовски кој под менторство на проф. д-р Митре Насевски ја има дипломската работа со наслов „Одредување на трансформациски параметри за населено место Будинарци“.
„Контролни геомеханички испитувања за санација на автопат А1, делница Неготино – Демир Капија“ на студентот Дарко Атанасов, под менторство на проф. д-р Љупчо Димитриевски е најдобриот диплоски труд од областа геотехника.
Исто така, на вчерашната свеченост беа доделни и стипендии за студенти сите години од градежништво, геодезија и геотехника, а кои имаат просек повисок од девет.
фото: КИРО ПОПОВ