Ресторанот ‘Grandvalira’, проектиран од студиото Stone designs, ja комбинира суштинската атмосфера на планинско село со едноставен и функционален третман на местото. Ресторанот е сместен на Алпите на границата помеѓу Шпанија и Франција. Проектот е реинтерпретација на локалните вредности и навики, без непотребни елементи, така што се создава топло засолниште кое дури и за време на суровите зимски денови им прави на луѓето да се чувствуваат како дома.
Чувството на удобност во ваквата алпска кабина е постигнато со употреба на борово дрво и волнени акценти кои се во контраст со стабилната линија на мебелот. Мноштво на различни дизајни се инкорпорирани во една слика, нудејќи му на посетителот сам да одбере каде ќе седне во зависност од неговото расположение. Разноличностите функционираат во една целина која се комплементира со погледите кон снежните планини преку големите прозорци.