Насловна / Архитектура / Денови на Орис 19 (Dani Orisa 19)

Денови на Орис 19 (Dani Orisa 19)

Денови на Орис 19 (Dani Orisa 19) е меѓународен архитектонски симпозиум кој го организира списанието Орис и Орис Куќа на архитектурата. Дводневното случување кое се одржува од 2001. година, ги претставува најзначајните имиња на светската архитектонска и културна сцена и секоја година собира повеќе од 2000 посетители од Хрватска, околните земји, па и пошироко.
Овогодинешните Денови на Орис 19 ќе се одржат во Загреб на 19. и 20. октомври во концертната дворана Ватрослав Лисински.

dani-orisa-2019

На овогодинешните Денови на Орис предавања ќе одржат архитекти и дизајнери:

Mario Botta (Швајцарија)

бота
Го посетувал Универзитетот во Венеција IUAV кај Carlо Scarp и Giuseppe Mazzariola. За време на студиите работел со Корбизје и Луис Кан. Професионалната кариера ја започнува 1970. во Лугано. Проектира семејни куќи, деловни објекти и сакрални градби. Предава на архитектонските факултети во светот. Неговата работа е објавувана во многу публикации, претставувана на изложби и наградувана со низа награди.
http://www.botta.ch

3LHD (Хрватска)

13
Интердисциплинарно архитектонско биро, заинтересирано за интеграција на разни дисциплини: архитектура, урбанизам, дизајн, уметност. Автори на значајни проекти на современата хрватска архитектура.
https://www.3lhd.com/hr

Estúdio Gustavo Utrabo (Бразил)

CP-RAZ-ChildrenVillage-2047
Дипломирал архитектура и урбанизам на Федералниот универзитет Paraná (UFPR) 2010. Гостувачки професор на универзитетот во Хонг Конг и доцент на универзитетот Escola da Cidade во Сао Паоло. Еден е од основачите на бирото Aleph Zero со кое во 2018. година ја освои наградата RIBA за најдобар млад архитекта и најдобра зграда. Во 2019. година го основа бирото Estúdio Gustavo Utrabo.
https://gustavoutrabo.com

6a architects (Велика Британија)
Бирото 6a architects го основале Tom Emerson и Stephanie Macdonald во 2001. во Лондон. Освоиле повеќе награди RIBA, медал Schelling 2012. Во 2018. година на Emerson му е доделена награда Conrad Ferdinand Meyer во Цирих. Emerson предавал на факултети како AA, Cambridge te ETH Zurich. Во август 2019. е избран за декан на ETH Zurich.

http://www.6a.co.uk

Нено Кезиќ (Хрватска)

нено
Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Загреб. По студиите работи во бирото Michael Hopkins and Partners во Лондон. По враќањето основа свое биро Архиполис во Сплит. Редовен професор е на студии по архитектура на FGAG, Сплит. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои награда Владимир Назор, награди на Загребскиот салон, награда Артур и многу други.
http://www.arhipolis.hr/Arhipolis/People.html

Piero Lissoni (Италија)
Бирото Lissoni раководи проекти на глобално ниво во областа на архитектурата, продукт дизајнот, графичкиот дизајн и корпоративниот идентитет. На чело со Piero Lissoni, бирото развива во различни области стилиски код кој е невозможно да се копира, па така создава препознатлив визуелен идентитет. Меѓу неодамнешните реализации се истакнува проектот за ентериерот на Гранд Парк Хотел во Ровињ.
http://www.lissoniassociati.com/en/pierolissoni/

Cristóbal Palma (Чиле)
Студирал на лондонскиот Архитектонски факултет АА, пред да ја започне кариерата на фотограф фокусиран на архитектура, патувања и репортажи. Објавуван е во списанија како The New York Times, Domus и Architectural Digest. Изложувал на низа самостојни изложби. Автор е на кратки филмови посветени на архитектурата од кои еден е претставен на 13. венецијанско архитектонско биенале, а филмот Piling Up освоил награда за најдобар краток филм за архитектура на фестивалот ArqFilmFest во Сантијаго.
https://cristobalpalma.com/

Harquitectes (Шпанија)

харкуетос
Архитектонско биро основано 2000. година во Барселона го раководат четворица партнери кои дипломирале на E.T.S.A. Vallès. Тие се гостувачки предавачи на школи низ Европа и Америка, а работата им е призната со бројни награди. Два нивни проекта номинирани се за наградата Mies van der Rohe Award 2019.
http://www.harquitectes.com/

Модератори:

мароје
Мароје Мрдуљаш (Хрватска), архитект и критичар на архитектурата и дизајнот
Динко Перачиќ (Хрватска), наградуван архитект

ORIS TALKS – Designing Architectural Education
Овогодинешните Денови на Орис внесуваат една новина во програмата. Станува збор за Oris Talks кои ќе се одржат на тема Designing Architectural Education, а во јавната расправа ќе учествуваат истакнати меѓународни експерти.

Изложба:
Во склоп на Денови на Орис 19 ќе се отвори и изложба на чилеанскиот архитектонски фотограф и автор на кратки филмови, Cristóbal Palmа со наслов Caracoles.

Испрати коментар

Scroll To Top