Хрватската влада започнува проект за стимулирање на набавка на возила со намалена емисија на јаглерод диоксид, на тој начин што ќе го субвенционира купувањето на електрични и хибридни возила. Субвенциите ќе може да ги користат и физичките и правните лица, и се движат помеѓу 30.000 и 70.000 куни (3.900-9.100 евра) по возило во зависност од технологијата, при што највисокиот износ се добива за електрични возила.
Примарната цел на овој проект е подобрување на квалитетот на воздухот во градовите преку намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид во сообраќајот. Сообраќајот е еден од главните фактори за загадувањето во градовите. Во вкупната емисија на јаглерод диоксид на ниво на ЕУ, сообраќајот учествува со 25%.