Ова дело е резултат од процесот низ кој поминале студентите од факултетот по архитектура во Talca, Chile, за да ја добијат нивната диплома. Вклучени се сите фази од дизајн и менаџмент до реалната изградба на објектот што е за јавна намена.
Проектот е составен од два волумени, оддалечени 80 метри еден од друг. Првиот е свртен кон вулканот Villarrica, додека вториот е насочен кон езерата Calafquén и Panguipulli. Поставената ограда е граница за посетителите што доаѓаат со добиток или пешки.
96 парчиња со димензии 10 x 120 инчи, го чинат главното тело на објектот. Преку зима претставува засолниште за ловците на дива свиња, додека во лето е место за одмор на туристите, биолозите и за љубопитните.
Волумените се изградени со „материјалната историја“ на местото, така што секое парче од нив е изградено со остатокот од дрвјата што биле исечени. Секое парче е видено на местото, обликувано на местото, заковано на местото и измислено на самото место.