Насловна / Вести / Данска предлага ЕУ целосно да ја забрани продажбата на дизел и бензински автомобили

Данска предлага ЕУ целосно да ја забрани продажбата на дизел и бензински автомобили

Минатиот петок, односно на 4ти октомври, министрите за заштита ан животната средина на земјите членки на Европската Унија се состанаа во Луксембург. Еден од предлозите кои произлегоа од оваа средба се однесува на возилата со мотори со внатрешно согорување, поточно предлогот од 2040 година целосно да се укине продажбата на дизелаши и бензинци. Целта е да се придонесе во намалување на загадувањето на воздухот, како и ублажување на климатските промени. Творецот на иницијативата е Данска, а предлогот е поддржан и од други 10 земји членки.

Осврнувајќи се на неопходноста од соочување со предизвиците од климатските промени, министерот за клима и енергетика на Данска, Дан Јоргенсен, заклучил дека “нема време за чекање“. Тој изразил надеж дека Европската комисија, ќе предложи систем на постепено укинување на овие возила во наредните две децении. Доколку пак тоа не се случи, тој смета дека би било добро да им се дозволи на одредени земји да воведат вакви мерки.

Сепак, од донесувањето на одредени рестриктивни мерки во оваа област, без пошироко прифаќање од ЕУ, Данска веќе ги почувствува последиците на своја кожа. Имено, земјата во октомври 2018 година соопшти дека заради промоција на електричните автомобили како одржливо средство за транспорт, од 2030 година ќе ја забрани продажбата на возила ан бензин и дизел. Но, овие планови се срушени од страна на комесарката Бјенковска, наведувајќи дека такви рестрикции се во спротивност со законодавството на Унијата.  Јоргенсен најави дека следниот чекор на Данска ќе биде формирање на сојуз на земји кои го поддржуваат предлогот, како и комуникација со производителите на автомобили со цел информирање за овие долгорочни политики.

Бугарија, Словенија и уште неколку земји, истакнале дека неопходно е повеќе да се работи на запирање на “префрлањето на јаглерод диоксидот“ од западна во источна Европа преку продажбата на половни автомобили. Европската комисија планира да ја направи Европа прв континент со нулта емисија, а една од пречките на тој пат е токму користењето на фосилните горива во сообраќајот.

denmark1

denmark2

Испрати коментар

Scroll To Top