Насловна / Вести / Холандската железница тестира автономни возови

Холандската железница тестира автономни возови

За да ги искористи подобро своите капацитети за превоз ан патници, Железницата на Холандија (NS), од оваа година започнува со тестирање на возови без машиновозач. Пробното возење ќе се врши на една линија, а во текот на тестирањето нема да се превезуваат патници. Компјутерот вграден во локомотивата превзема најголем дел од работата, но машиновозачот, кој и натаму ќе биде присутен во возот, само ќе го сследи возењето.

Според пресметките на железницата, со моменталниот пораст на бројот на патници, максималниот капацитет ќе биде надминат веќе во 2027 година, порано отколку што било претходно очекувано. NS во работен ден во просек превезуваат 1,3 милиони патници.

NS1

NS3

Испрати коментар

Scroll To Top