Насловна / Вести / Ресторан со носталгичен концепт од ерата на Сталин во Москва

Ресторан со носталгичен концепт од ерата на Сталин во Москва

Во московската улица „Краснопресенскаја Набрежнаја“ отворен е ресторанот „Пинк Мама“ во зграда од времето на Сталин. Ентериерот е проект на Хари Нуриев од њујоршкото архитектонско биро Crosby Studios и не враќа назад во ерата на Сталин со своите бледо розовеи и индустриски зелени нијанси и петокрака која го краси шанкот.

6

1

Розевата и зелена палета на бои, банкет маси и столици со плиш, го ублажуваат индустрискиот елемент на модерните ентериери од ерата на Сталин.

5

Ресторанот со површина од 210 квдратни метри поделен е во две зони, кои претставуваат ехо на распоредот кој го наследиле од предходниот ресторан кој постоел во овој простор.

3

Архитектите сакале да ја одвојат храната од алкохолот, истовремено креирајќи интересен бар со црвен сјај, а ресторанскиот дел со големи стаклени површини преку кои може да се ужива во околината.

9

8
Основни користени материјали за декорација на просторот се бакар, челик, стакло, бетон, акрилни огледала, перфорирани плочи, плиш и фурнир од даб. Сите необично се вклопуваат во овој помалку носталгичен концепт.

7

2

Испрати коментар

Scroll To Top