Портрет од Сандро Ботичели на ренесансниот поет Мишел Марул оваа недела ќе биде на продажба на лондонскиот саем на уметност Фриз мастерс за 30 милиони долари.
Меѓутоа, шпанскиот закон за заштита на културно наследство би можел да му создаде потешкотии на странскиот купец, кој сака портретот да го врати во татковината на Ботичели, пренесува АП, наведувајќи дека портретот долго време се наоѓал во мадридскиот музеј „Прадо“.
Сликата на фирентинскиот уметник, создадена е во 1500. година и се смета за последна која се наоѓа во приватни раце вон Италија и која е на меѓународниот пазар на уметност.