Се уредува плочникот пред ГТЦ. Градоначалникот Шилегов изјави дека градот ќе добие уреден јавен простор и вели, „овде ќе ја покажеме различноста, со нов и модерен јавен простор што граѓаните го заслужуваат“.
На плоштадот истраумиран од проектот Скопје 2014 многу малку е преостанат јавен простор. Но за жал и кон тој простор третманот во однос на јавноста, професијата, распишување архитектонски конкурс, транспарентност, изложување на проектот е ист. Во недостаток на идеи, креативност, но и неопходна стручност и храброст се инсистира на различност, а во меѓувреме ништо суштински не се превзема.
Проблемот на плоштадот е пред се и повеќе од се во неговото урбанистичко планирање и архитектонското обликување, а тој останува нерешен. Плоштадот е веќе секојдневие и тоа прифатено, кое и покрај големи пароли, многу најави, разноразни комисии останува непроменето.
За некој простор да биде јавен, пристапен и корисен за граѓаните прво треба да се предвиди, намени, формира урбанистички и архитектонски обликува. Поставување на плочки, зеленило, урбана опреме на јавен простор е последната фаза во реализацијата. Во затечената состојба не може да се направи ништо совремно додека околното обликување е стиско (каритиди) и просторот киднапиран, а постоењето на објектите од Скопје 2014 се игнорираат или прифаќаат, а што е уште полоши и едното и другото.