Насловна / Вести / Отворен новиот кинески аеродром Daxing, вреден 11 милијарди УСД

Отворен новиот кинески аеродром Daxing, вреден 11 милијарди УСД

Меѓународниот аеродром Daxing (Beijing Daxing International Airport) се наоѓа во Пекинг, а официјално за сообраќај го отвори претседателот на Кина. Аеродромот се простира на  700.000 квадратни метри, што значи дека неговата големина е еднаква на 98 фудбалски терени. Постоечкиот аеродром во Пекинг е втор најфрекфентен аеродром во светот, веднаш по оној во Атланта. Задачата на новиот аеродром е да го намали притисокот врз постоечкиот  кој прима премногу патници. Daxing е најголемиот терминал на светот сместен во една зграда, а се очекува до 2025 година да прими 170 милиони патници.

Новиот аеродром е оддалечен 46 километри од плоштадот Тјенанмен, а работен е по проект на покојната легенда на модерната архитектура Заха Хадид. Со отворањето на овој аеродром, Пекинг се придружи на групата градови меѓу кои и Лондон и Њујорк, кои имаат по два големи меѓународни аеродроми.

daxing1

daxing2

daxing3

daxing4

daxing5

daxing6

Испрати коментар

Scroll To Top