Насловна / Вести / 150 невладини организации бараат од Еди Рама да се запре изградбата на хидроцентрали на реката Вјоса

150 невладини организации бараат од Еди Рама да се запре изградбата на хидроцентрали на реката Вјоса

Во отвореното писмо до премиерот на Албанија Еди Рама, скоро 150 домашни и меѓународни невладини организации, побараа од албанската влада да ја запре изградбата на хидроцентрали на реката Вјоса. Како што соопштува невладината организација EcoAlbania, иако реката Вјоса е подрачје со богат биодиверзитет и живеалиште на многу загрозени видови во Европа, таму е планирана изградба на дури 45 хидроцентрали – 8 на главниот тек и 37 на нејзините притоки. Организациите за заштита на животната средина го повикуваат премиерот Еди Рама „да го запре развојот на овие проекти во сливот на Вјоса, се додека не се подготви стратешка проценка на влијанието врз животната средина и интегриран план за управување со речниот слив, кој ќе ги земе во предвид и социјалните аспекти, а особено развојот на екотуризмот“, се наведува во писмото. Невладините организации се посебно загрижени поради проектот ХЕ Каливац, која е голема хидроцентрала, со оглед дека рокот за подготовка на студијата за проценка на влијанието врз животната средина е три месеци, што е прекраток период за така сериозен проект. Албанската влада го поддржува овој проект и покрај фактот дека меѓународните институции, меѓу кои се и Европската комисија и Европскиот парламент, во повеќе наврати упатиле критики за проектот. ХЕ Каливац со моќност од 120MW  го гради турско-албанскиот конзорциум Ayen Enerji & Fusha.

Иако уште во февруари годинава, новата министерка за енергетика и инфраструктура изјави дека ќе се запре изградбата на малите  хидроцентрали и дека ќе покрене истрага за издадени 182 дозволи за градба, истиот месец неколку албански невладини организации упатија жалба до Енергетската заедница протв албанската влада, а во врска со изградбата на ХЕ Каливац.

DCIM100MEDIADJI_0091.JPG

DCIM100MEDIADJI_0011.JPG

vjosadams3

Vjosadams4

Испрати коментар

Scroll To Top