Во рамки на изложбата „Чистач“, Марина Абрамовиќ во саботата пред Музејот на современа уметност во Белград (МСУБ) одржа предавање. Своето предавање го означи како „Вудсток арт“.
Кога Марина Абрамовиќ ги изведувала своите перформанси во 70-тите години во Студентскиот културен центар во Белград, пред 20 луѓе, тоа биоло гужва. А повеќе од 40 години подоцна во саботата во паркот пред МСУБ, каде уметницата одржа јавно предавање имаше повеќе од 5.000 луѓе, но и вистинска публика, вистински слушатели.
Се седеше на трева, на црвени перничиња, кои се поделени на влезот и се личело на некој уметнички Вудсток.
„Добро вечер, деца”, се обрати Марина на публиката, „и добро вечер, моја генерацијо.”
Со возбуда во гласот говореше каков треба да биде уметникот, што е тоа уметност на перформанс, кој се може да биде уметник.
„Кога ми доаѓа студент на почеток и вели дека сака да биде уметник, јас одма го враќам дома, бидејќи уметник не се станува, уметник се раѓа со дарба. Прашањето е како да ја препознаеш таа дарба, како идеите да ви станат опсесија. Кога си уметник би требало да имаш грозница, да се жртвуваш“, рече Марина Абрамовиќ.
На два екрана емитувани се фотографии од нејзиното семејство. Говореше за својата мајка, својот татко, истакнати комунисти, за своето детство, како и за уметниците со кои ја почнала својата работа во Студентскиот културен центар во Белград.
Публиката ги виде снимките од нејзините перформанси, често на граница помеѓу животот и смртта. Зборуваше за своето искуство во Наполи, кога присутните се повикани да и прават што сакаат, за искуството со питон на глава, кој почнал да се лизга уште пред да влезе публиката, па дресерот на змии и рекол дека мора да го смири пулсот, прикажана е средбата на Марина и Улај на Кинескиот ѕид.
„Во перформансот нема глума. За разлика од театарот, каде ножот не е вистински, а место крв се истура кечап, во перформансот се е вистинито. А публиката е како куче. Чувствува се. Го чувствува вашиот страв, несигурност. Затоа е многу важна таа размена на енергија со публиката“, вели Марина. „Перформансот за кој јас зборувам е иматеријален вид уметност, размена на енергија“, порача таа.
Ја повика публиката да пушти глас, да вика заедно со нејзе, како во перформанс „Ааааа…”, а на крај, на нејзин повик, публиката стоеше со затворени очи, а секој на особата покрај себе и стави раце на рамења. Во потполна тишина стоејќи така седум ипол минути.
Се слуша само зуење на дрон.