Вчера под мостот „Гоце Делчев“ за два часа беа извадени 50 автомобилски гуми од реката Вардар.
Акцијата е организирана од граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, а најавија дека гумите ќе бидат однесени во скопската Зоолошка градина, за реквизити за животните.
Во акцијата се вклучија нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“. Акцијата е дел од активностите со кои се одбележува „Неделата на глобални климатски протести“.
фото: КИРО ПОПОВ