Естонска претседателка Керсти Каљулаид го привлече внимането во текот на нејзиниот говор во Обединетите Нации во Њујорк, со својот син фустан со белата површина на Антарктикот. Таа на Твитер напишала дека се одлучила за ваков фустан со цел да го сврти вниманието најавноста за опасноста од глобалното затоплување.
„Фустанот? Поларните подрачја се на удар од глобалното затоплување поради ранливоста на ендемските живеалишта“ нашињала Каљулаид на Твитер. „Според научниците, доколку не ги намалиме емисиите на штетните гасови на нула до 2050 година, ќе се случат драматични промени на Антарктикот,“ додава таа. Во текот на говорот пак, предупредила дека „разорната сила“ на климатските промени нема да влијае подеднакво на сите региони во светот, но порачала дека „ ниту едно место нема да остане недопремо и дека никој од нас не ќе може да избега“. Климатските промени остануваат „најголемиот егзистенцијален предизвик со кој се соочува светот“ , заклучила претседателката на Естонија.