Насловна / Вести / Првата шумска детска градинка веќе и во Хрватска

Првата шумска детска градинка веќе и во Хрватска

Шумската детска градинка е тип на предучилишно образование наменет за деца од три до шест години, кое се изведува речиси исклучиво на отворено. Без оглед дали надвор е сончево или дождливо, децата се поттикнуваат на игра и учење со цел поврзување со природата, развивање на снаодливост и зајакнување на нивниот имунитет.

sumskivrtis1

Враќањето кон исконските вредности на природата носи многу бенефити. Уочувајќи ги позитивните влијанија врз психичката состојба на пациентите, Норвежаните започнале да ги сместуваат своите болници во шумски предели. Токму на северот на континентот се родила и идејата за шумски детски градинки. Имено, во педесетите години од минатиот век, данката Ела Флатау била првата која го вовела овој концепт. Набрзо потоа, и други земји меѓу кои и САД, Австрија, Германија, го вклучуваат овој коцепт во своите образовни системи. Стручњаците утврдиле дека оваа програма позитивно лијае врз развојот на децата, првенствено на нивната способност за рамнотежа, брзина, вештина и координација.

sumskivrtic3

Children on swing

Жителите на Пула од неодамна имаат можност на своите намлади да им пружат ваков вид на предучилишна едукација. Градинката е отворена од страна на Франческа Миличевиќ, која и самата како дете посетувала ваква градинка. Слична градинка веќе постои и во Белград. На родителите е да одлучат дали ќе изберат да ги стават своите деца “под стаклено звоно“ или под небесен свод.

sumskivrtic2

sumskivrtic5

 

Испрати коментар

Scroll To Top