Насловна / Вести / Вработените во Хенкел градат зграда за социјално загрозени семејства во Македонија

Вработените во Хенкел градат зграда за социјално загрозени семејства во Македонија

Компанија Хенкел во соработка со организацијата за помош Хабитат Македонија пред неколку години започна работна акција за изградба на станбена зграда за социјално загрозени семејства во Велес. Со желба да помогнат на оваа иницијатива за помош на семејствата, 22 вработени лица во Хенкел придонесoa учествувајќи во изградба на дел од зградата.

Македонија е земја со ладни зими и поради тоа е јасно дека добрата изолација има значајна улога во секој дом. Меѓутоа, над 15% од сите домови имаат потреба од реновирање, а околу 70% се несоодветно изолирани. Корисен простор за живеење кој овозможува нормални услови за живот е главна цел на Хабитат Македонија, меѓународна организација за помош која поддржува повеќе од 13,2 милиони луѓе ширум светот од основањето во 1976 година со околу 1,3 милиони градежни проекти. Бидејќи без тоа, објаснува Рилинд Јегени, координатор на Хабитат Македонија, семејствата се во магепсан круг – со негативни последици по здравјето, образованието, животната средина и на крајот самодовербата.

Baustelle_Gruppe_Banner (1)

Основата на зградата од вкупно 12 станови беше поставена од вработените на Хенкел минатата година, а задача на новата група вработени беше во рок од 5 дена со заеднички сили да изградат што поголем број внатрешни и надворешни ѕидови. Во тек на оваа работна акција беа направени и бетонски греди и дрвена покривна конструкција.

“Многу сум задоволна што успеав да учествувам во овој прекрасен волонтерски проект на Хабитат Македонија преку Фондацијата Фриц Хенкел. Со одлични колеги од различни области, се запознав со земјата, луѓето и градежните работи во Македонија“. Ана Хенце, инженер за продажба во деловната единица „Адхезиви Технологии“.

На крајот на патувањето, тимот на Хенкел посети едно семејство кое живее во една од петте завршени станбени згради и чии услови за живеење значително се подобриле од тогаш.

Останува чувството на благодарност, со мал придонес за одржливо подобрување на животот на  луѓе кои имаат потреба за тоа. „За им да се ​​овозможи социјално прифатлив живот – градиме sидови за солзи радосници„ велат од тимот на Хенкел.

 

Испрати коментар

Scroll To Top