Италијанските власти затворија патишта и ги евакуираа планинските колиби откако експертите предупредуваат на падот на глечерот на Мон Блан.
Околу 250.000 кубни метри мраз се заканува дека ќе го сруши глечерот на врвот Гранд Жорас, предупредуваат локалните власти, пренесува Би-Би-Си.
Градоначалникот на блискиот град Курмајор Стефано Мисерочи смета дека глобалното затоплување го менува изгледот на планината.
Откако експертите предупредуваа дека дел од ледената маса се лизга меѓу 50 и 60 сантиметри на ден, градоначалникот Мисерочи потпиша наредба за затворање на патиштата од италијанската страна на планината.
Според него, немало никаква опасност за жителите на градот, но требало да се евакуираат сите од планинските колиби и туристичките објекти во поширокото подрачје на Рошефор.
“Овој феномен уште еднаш покажува дека планината претрпува период на големи промени како резултат на климатските фактори и затоа е многу чувствителна“, рече Мисерочи за италијанските медиуми.
Мон Блан е највисокиот планински венец во Западна Европа. Има 11 врвови над 4.000 метри сместени во Франција и Италија и привлекува стотици илјади туристи секоја година.