Насловна / Вести / Скопје ќе добие нови 33 екоавтобуси

Скопје ќе добие нови 33 екоавтобуси

Градските власти конечно го потпишаа договорот со реномираниот производител МАН за набавка на 33 екоавтобуси.

Низ скопските улици најдоцна до април следната година ќе сообраќаат 21 нископоден автобус со капацитет од 85 патници и 12 зглобни со простор за 150 патници – капацитет кој е речиси двојно поголем од сегашниот. Автобусите значително ќе придонесат и за намалување на загадувањето. Еден екоавтобус емитува само 0,02 грама на изминат километар од штетните ПМ честички.

avtobusi1

“Споредено со потрошувачката на старите дизел автобуси, овие автобуси трошат двојно помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на работењето на Јавното сообраќајно претпријатие. Еден екоавтобус заштедува до 25 илјади евра само за гориво,“ вели Петре Шилегов.

Освен еколошките придобивки, значително ќе се намали на време и пари за нивно сервисирање и одржување. Сега ќе имаат сопствен овластен застапник за неопходна техничка поддршка. Автобусите се изработени по сите стандарди кои гарантираат удобно и пријатно возење.

avtobusi

“Овие автобуси со сигурност ќе придонесат за подигнување на квалитетот на животот во Скопје бидејќи се еколошки поисплатливи од сегашните постари автобуси. Опремени се со сите сигурносни елементи потребни за овие автобуси и верувам дека сите жители на Скопје ќе се возат многу поудобно,“ изјави Марио Фебек, директор на „Ауто Хрватска“.

Набавката на автобусите чини 9,5 милиони евра. Инаку новитет во возниот ред се и новите „Скопска“ картички за едно возење. Наместо од билетара ќе се купуваат во самиот автобус, а во оптег ќе бидат пуштени од 1 ноември.

 

Испрати коментар

Scroll To Top