Град Скопје заради безбедноста на градските средни училишта, потпиша минатиот месец договор за набавка на 18 громобрани. За громобраните ќе се одвојат 8,7 милиони денари или 143 илјади евра од градската каса, а уредите треба да се најдат на покривите на училиштата најдоцна за шест месеци до кога е времетраењето на склучениот договор. Набавката ќе ја изврши Друштво за градежништво и трговија АДРА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, кои биле одбрани со преговарање откако на првиот оглас за оваа намена немало доволно интерес.
„Од причина што поради недоволна конкуренција не можеше да се спроведе електронска аукција, односно снижување на понудената цена, првичната постапка се поништи и се спроведе нова постапка со преговарање без претходно објавување на оглас согласно член 99 став 1, точка 1, алинеја 4 и став 5 од Законот за јавни набавки“, стои во објавата за склучениот договор на Бирото за јавни набавки.