Насловна / Арт и дизајн / „Оваа зграда зборува (на)вистина“ се претстави на 53. БИТЕФ

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ се претстави на 53. БИТЕФ

Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска публика, вчера за прв пат се претстави македонскиот победник на Прашкото квадренале за перформанс дизајн и простор „Оваа зграда зборува (на)вистина“  во рамки на придружната програма на најпрестижниот театарски фестивал во регионот и пошироко, 53. БИТЕФ.

zgrada

Перформансот – инсталација „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на авторот Филип Јовановски, куриран од Ивана Васева и во изведба на актерката Кристина Леловац, имаше две изведби во холот на Главната железничка станица во Нови Сад, а на барање на организаторите следуваат уште шест изведби во наредните два дена. За изведбата во Нови Сад, БИТЕФ имаше организирано специјален превоз, а публиката имаше прилика да ги чуе и авторите на проектот во краток разговор со неа и да добие публикација која е дел од самата инсталација.

zgrada1

Ова гостување исто така е овозможно во соработка со „Нови Сад 2021 – Европски град на културата“ и се одржува во рамки на нивната програма „Калеидоскоп на културата“.

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ е составен од три дела: инсталација со перформативен дел во соработка со актерката Кристина Леловац, кратко видео насловено „Кино Култура“ и двојазична публикација.

zgrada2

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ се перформира во размер 1:100 како едно кондензирано искуство од минати активности, како архива од повеќе времиња кои би требало и во живо да ни кажат: Ако успееме овде, можеме да успееме секаде! А токму тоа е и дизајнот на перформативната агонистичка заедница.

zgrada3

Испрати коментар

Scroll To Top